„ДУИ треба да проба Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет“, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тој вели дека од Алтернатива се спротивставиле за идејата премиер Албанец, мислејќи дека тоа е само симболика, а не содржина.
„И сега не можеме да ги излажеме нашите гласачи кои веруваа на овој концепт за да одбраниме некој друг концепт“, вели Гаши објаснувајќи го ставот и повикот на Ахмети сите партии да застанат зад идејата на ДУИ.