Канцеларијата на Европската унија во Косово објави дека сума од 9,9 милиони евра од средствата за помош за поддршка на буџетот е уплатена на косовското Министерство за финансии и дека се однесува на усогласените критериуми во однос на реформата на јавната администрација и управувањето со јавните финансии, пренесе „Нова.рс“.

Поддршката на ЕУ за реформите во јавната администрација и управувањето со јавните финансии следуваше за напредокот на владата во спроведувањето на сопствените стратегии и постигнувањето на целите договорени со ЕУ, се вели во соопштението.
ЕУ работи со косовската влада на овие реформи уште од декември 2017 година.
Исто така, се посочува дека поддршката на ЕУ ќе му помогне на Косово во насока на борбата против пандемијата на коронавирус и нејзините ефекти врз економијата и јавните финансии.