Шилегов: Во едни поранешни времиња, само ќе беше соопштено решението за уривање на Универзална сала, јас сум за дебата

од Nikola Popovski
255 прегледи

„Одлуката за судбината на Универзална сала нема донесено, без разлика за обидот за лажење на јавноста дека била донесена одлука за рушење“, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој смета градот досега во постапките кои што ги има потегнато ја има разработено опцијата за рушење и изградба на објект на постојното место, што лично смета дека е несоодветен начин.

За обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека во поранешни времиња, само ќе било соопштено решението за уривање на Универзална.

„Тоа всушност ѝсе случи со нивната одлука да се сруши и изгради нов објект на постојната локација кој што го криеја зад формилацијата „реконструкција на Универзална сала“. За разлика од нив, мојот избор е дебата на најшироко можно ниво, па ако не се успееме да го усогласиме решението, сум спремен да одиме на референдум“, вели Шилегов.

Слични содржини