Денеска и утре земјата во жолта фаза, Филипче со препораки за заштита од топлото време

од Берта Китинска
359 прегледи

Според најавата од УХМР, денеска и утре, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Министерот за здравство Венко Филипче апелира во текот на екстремно топлите денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани) и  при неопходен престој на отворен простор да се најде можност за почести одмори под сенка.

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;

Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, пишува Филипче на својот Фејсбук профил.

Слични содржини