Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ги коментираше шпекулациите дека, СДСМ, ДУИ и ДПА договориле влада во која, една година од мандатот, премиер би бил Албанец.
Тој смета ротирачки премиер Албанец е пораз за ДУИ и нивно заминување во опозиција.
На прашањето дали се слуша почесто со Зоран Заев од СДСМ или со Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на разговорите за формирање влада, Села одговори дека засега не контактирал ниту со едниот ниту со другиот.
„Деновиве контактирав само со една госпоѓа од Собранието, која ме информира дека во вторник ќе има конститутивна седница“, одговори Села, посочувајќи дека преговорите за формирање на владата би почнале по 4 август.