Шилегов: Властите во општина Центар во 2010 година сакале да градат хотели и кафулиња на местото на Универзална сала

од Nikola Popovski
208 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за емисијата „Само вистина“ изјави дека Универзалната има габаритна културна меморија, не само за градот, туку и за целата држава. Според него, тука е местото каде што се создала современата македонска култура.

„Одлуката за судбината на Универзална ги преминува границите на овластувањата на еден градоначалник и таа не може да биде одлука на еден човек. Цела држава и општество мора да донесат заедничка одлука“, смета Шилегов.

Тој објави дека некаде околу 2010-2011 година, на логичната градежна парцела на Универзална сала, што е од улицата „Партизански одреди“ до уличката кај Универзална, тогашната власт во Општина Центар и денешна опозиција, со ДУП-от за Буњаковец, одлучила да гради хотели, кафулиња и катни гаражи.

„Ако не успееме со стручната јавност, да го најдеме оптималното решение, тогаш е легитимно да имаме референдум“, вели Шилегов.