Грција: Вкупно 62 пожара во претходните 24 часа

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Во последните 24 часа избувнаа 62 шумски пожарa во Грција кои ги гаснат 536 пожарникари и специјални противпожарни единици со 232 противпожарни возила, 2 авиона канадери и 2 хеликоптера, јави агенцијата АНА.

Волонтерите исто така им помогнале на пожарникарите во борбата против пожарот, а локалните власти испратиле цистерни и друга неопходна опрема на местото на настанот.

Според АНА, од 22 јули гори голем пожар на подрачјето Кехреа и додека противпожарните бригади ја чуваат линијата на пожар, надлежните органи ги испитуваат причините за пожарот.