Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Што не е јасно“ изјави дека лично чувствува одговорност, затоа што го премолчиле наводниот поткуп на владеачката партија, сето поради што ги ставиле државните и интересите на граѓаните пред партиските интереси. 
„Ние се боревме витешки во оваа трка, но истовремено ќе мораме до крај да бидеме искрени. ВМРО-ДПМНЕ вторпат по ред влегува во избори каде што партискиот имот е замрзнат. Со тој имот не можеме да обезбедиме нормално функционирање на партијата. Само ние знаеме како обезбедувавме од први до први. Партиското финансирање не беше исплатено во текот на годината, туку некаде на неколку денови пред кампањата, 30 проценти беа исплатени. После тоа се измени и изборниот законик во 5 до 12, со кои што на ВМРО-ДПМНЕ му беа определени максимум 3 минути по час, да може медиумски да се презентира“, вели Мицкоски.