Следи продолжен викенд, викендашите ќе го преплават Охрид

од Берта Китинска
315 прегледи

Пред нас е продолжен викенд поради големиот празник Илиден.Бидејќи државниот празник 2 Август се паѓа во недела, неработен ден за сите граѓани ќе биде понеделник, 3 август.

Домашните туристи викендов ќе ги наполнат туристичките места низ земјава.Деновиве низ Охрид има голема раздвиженост низ градот, угостителските објекти и плажите.Викендов се очекува шпицот на сезоната која според туристичките работници ќе се задржи некаде до средината на месец август.

Гостите велат повеќе се одлучуваат за приватно сместување,вили апартмани и кампови поради пониските цените иако и хотелите се доста посетени, особено во делот со ваучерите за летување.

Вчера амбасадорите на земјите членки на ЕУ го ажурираат.

Македонските државјани, најрано до крајот на август, нема да може да патуваат во земјите од Европската Унија.
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да не го ажурираат списокот на држави на кои им е дозволено патување во Унијата, врз основа на „подобра или слична епидемиолошка ситуација“.

Од дипломатски извори од Брисел, кои, како што се наведува, потврдуваат дека на листата на безбедни земји ги нема земјите од Западен Балкан. Оценката на амбасадорите е дека епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша поради што само се потврди претходната одлука.

Списоците нема да се ревидираат во текот на следниот месец поради колективен одмор во европските институции, но се остава простор и тогаш да се забрани влез на жители од одредени земји, ако се појави нагло зголемување на бројот на заболени од ковид-19.

На листата на безбедни земји во кои ковид-19 се смета дека е под контрола се Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај.

Слични содржини