Промена на врвот на црната листа: Мексико веќе е број 3 по смртни случаи

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Мексико стана трета земја која е најтешко погодена по бројот на смртни случаи од коронавирус.

Земјата синоќа ја мина границата од 46.000, јавува Агенцијата Франс-Прес врз основа на официјални податоци.

Така, Мексико ја премина Велика Британија во однос на бројот на загинати од коронавирус, каде што вчера се пријавени 45.999 смртни случаи.

Двете земји најтешко погодени од бројот на загинати се САД со 151.496 смртни случаи и Бразил со 90.134 смртни случаи.

Слични содржини