Бројот на заразени во Бразил надмина 2,6 милиони: Само во последните 24 часа се регистрирани 57.837 лица

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Во Бразил уште 57.837 лица се разболеле од вирусот „Ковид-19“ во последните 24 часа, а со тоа вкупниот број на пациенти ја надмина бројката од 2.610.102, покажуваат податоците на бразилското Министерство за здравство.

Бројот на пациенти е зголемен на 91.263, а во моментов се активни 694.744 случаи, известува ТАСС.

Првиот случај на коронавирусот се појави во Бразил на 26 февруари, а таа земја во моментов е втора во светот по бројот на заразени, по Соединетите Американски држави.

Слични содржини