Пукал во мајка и дете затоа што не одржувале дистанца (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Маж е уапсен откако пукал кон мајка и син во хотел во Мајами Бич, Флорида, изнервиран затоа што не ги почитувале мерките за социјално растојание.

„Вие не се придржувате кон мерките за социјално дистанцирање“, споделил Даглас Маркс (47) од Мајами, според писмената изјава, во која локалните медиуми имале увид.

Тој тогаш им рекол на Вероника Пена и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Њу Мексико, дека мора да го напуштат хотелот, а потоа извадил огнено оружје и испукал неколку истрели во лобито на хотелот.

Никој не е повреден во пукањето, што се случило во вторникот вечерта, пренесува „Дејли Мејл“.

Еден од очевидците, кој во изјава за „Локал 10“ порал да остане анонимен, рече дека се обидел да ги заштити туристите со своето тело.

„Тој се обиде да ги застрела девојчето и детето“, рече неименуван очевидец.

Наводно, Маркс признал дека пукал, но им кажал на детективите дека го сторил тоа затоа што го следеле.

Слични содржини