227
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до муслимамските верници по повод празникот Курбан бајрам во која апелира да се почитуваат препораките на здравствените и верските власти.
– Ние го прославуваме годинашниов празник на Курбан Бајрам во посебни услови по јавното здравство, затоа ве молам да се придржувате до препораките на здравствените и верските власти. Посакувам празникот да ве најде во добра здравствена состојба за сите вас и вашите семејства и да ви донесе просперитет и радост за вас, народот и земјата. Да се помолиме заедно за здравјето на сите погодени и за надминување на оваа тешка состојба што го промени нашиот начин на живот што е можно побрзо и полесно, пишува Ахмети во честитката.