Царовска: Ќе има санкции за компаниите, платите итно да се исплатат на работниците

од Берта Китинска
182 прегледи

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците.

-Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

На веб страницата на Владата вчерабеше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со КОВИД-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.

Слични содржини