Во Хрватска 67 нови случаи, едно лице почина

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се потврдени 67 нови случаи на коронавирус, со што бројот на активни случаи порасна на 727, а едно лице почина.

Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.750 лица.

Според „Индекс.хр“, 125 лица се во болница и шест пациенти се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се регистрирани 5.139 случаи на коронавирус, од кои 145 починати, а 4.267 се опоравени.

До денес, тестирани се вкупно 118.955 примероци.