Руската вакцина за КОВИД-19 создала имунитет кај сите волонтери

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Вакцината против коронавирус која се развива во Русија создава имунитет кај сите волонтери. Ова го соопшти во интервју за Си-Ен-Ен шефот на рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ) Кирил Дмитриев.

„Можам да кажам од прва рака дека 100% од волонтерите развија имунитет на 21 ден (од воведувањето на вакцината). Се удвојува по вториот обид. 100 проценти од животните исто така развија имунитет“, вели Дмитриев, цитиран од ТАСС.

Тој исто така рече дека повеќе од 20 земји покажале интерес за руската вакцина.

Претходно, руските власти споделија пред медиумите дека на 10 август или порано ќе биде одобрена вакцината, што ја создаде московскиот институт Гамалеја. Ќе биде одобрена за јавна употреба откако прво ќе ја добие медицински персонал.

Руските научници тврдат дека вакцината е развиена брзо бидејќи била модифицирана верзија на веќе креирана вакцина за борба против други болести.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските војници се пријавиле доброволно за човечки испитувања.

Оттаму тврдат дека одобрувањето на лекот е брзо поради глобалната пандемија и многу сериозниот проблем со коронавирусот во Русија. Земјата во моментов има повеќе од 800,000 потврдени случаи.

„Нашите научници не се фокусираа на тоа да бидат први, туку на заштита на луѓето“, рече Дмитриев.

Во вакцината се користат човечки вектори на аденовирус, кои се направени послаби, така што тие не се размножуваат во организмот. За разлика од повеќето вакцини во развој, таа се потпира на два вектори наместо на еден, а пациентите ќе добијат двојно повеќе помош против вирусот.

Претходно овој месец, Кремљ ги негираше тврдењата дека руските шпиони се инфилтрирале во лабораториите за истражување на САД, Канада и Британија за да украдат тајни за развој на вакцини.

Руските власти, исто така, ги негираа извештаите дека членовите на политичката и деловната елита на земјата, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин, добиле ран пристап до вакцината.

Слични содржини