149
Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, регистрирани се 75 нови случаи.
Денеска починаа 5 лица, пациент од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), пациент од Гостивар (62г.) и пациент од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.