ДПА официјално ја прифати понудата на Заев да биде дел од новата Влада

од Aleksandar Petrovski
248 прегледи

Првата партија која и официјално објави дека ја  прифатила понудата од Зоран Заев, да биде дел од новата влада е Демократската Партија на Албанците.

Азем Садику од ДПА го изјави ова, по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа денеска во Клубот на пратениците. Садику најави дека се формирани и работни групи кои ќе разговарат за детаљите.

„Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата сопретседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ Љупчо Николовски”, изјави Садику.

 

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3376598832402652&id=713802742015621