319
Ниту една фирма не се пријавила на тендерот кој беше распишан од општина Чаир за уривање на дивоградбата кај трговскито центар Мавровка.
Тендерот за ангажирање на фирма за уривање на бесправно изградениот објект беше распишан на 27 јули и траеше до денеска.Од Општина Чаир велат дека веќе утре повторно ќе биде објавен нов повик, со истите критериуми.
Во истрагата за бесправнио изградениот објект се вклучи и единицата за компјутерски криминал на МВР. Кога ќе заврши истрагата, полицијата ќе го извести и Обвинителството.