„Дигитална Дипломатија“: Официјалните кориснички сметки во С. Македонија школски пример за комуникација

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Официјалните кориснички сметки во С. Македонија се школски пример за комуникација, се вели во анализата на „Дигитална Дипломатија“, а како посебен пример ја истакнуваат сметката на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Оттаму се земени три критериуми што се рангиравни по субјективна проценка и анализа на содржината, од кои првиот е дипломатско однесување, односно употреба на сметки и презентации на веб-страниците за дигитална и дипломатија во тесна смисла (даден е приоритет на промовирање на различностите, помирување, подобра регионална соработка и вмрежување, помирувачки и дипломатски наратив, комуникација на мајчин јазик и слично).

Во анализата рангирана е вештината на комуникација на социјалните мрежи, откако е извршен увид во квалитетот на содржината што е објавена на социјалните мрежи и нејзиниот целосен дострел.

„Во тој поглед, уште еднаш, школски пример за комуникација се официјалните кориснички сметки на Северна Македонија, особено за време на мандатот на премиерот Зоран Заев, а особено ги потенцираат сметките на Министерството за надворешни работи и министерот за надворешни работи Никола Димитров“, посочуваат оттаму.

„Пораките се создадени така што тие јасно покажуваат вистински настани, нема здодевни фотографии од ракувања при официјални приеми, нема соопштенија во манирот на официјални гласила, но на прв поглед се виде присуството на јасна комуникациска стратегија. Професионалната и, не само за регионалната рамка, одличната практика на дигитална дипломатија ги освои сите наши симпатии“, се вели во анализата на Дигитална Дипломатија.

Последниот критериум на анализата е оценка на веб-презентацијата, односно веб-страницата на Министерството за надворешни работи, што во суштина е од големо значење за дигиталната дипломатија. Некои земји од светот веќе воведоа можност за контактирање со матичната земја преку страницата, учество во повторното создавање на изгубен пасош или друг вид привремен документ, а покрај редовните известувања, страницата комуницира и во кризни ситуации.

Целата анализа на следниот линк!

Слични содржини