Зградата на Светскиот трговски центар во Брисел гори (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Голем пожар избувна на 27-ми кат на Светскиот трговски центар во Брисел, јавуваат светските медиуми.

Како што се наведува, од зградата се крева густ чад, а според првите информации, никој не бил повреден. Медиумите наведуваат дека изолациониот материјал, наводно, бил запален.

Бројни членови на противпожарната бригада се обидуваат да го задржат пожарот, а командантот на противпожарната бригада, Берт Бругеманс, рече дека станува збор за „многу сериозен“ пожар.

Кулата не е во употреба затоа што се реновира, а во моментот на пожарот беа присутни само неколкумина работници кои успеаја навреме да се евакуираат.