Временска прогноза до крајот на неделата

од Берта Китинска
214 прегледи

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. На места, особено попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има и невреме.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната д 23 до 30 степени. УВ ќе биде 6.

Во Скопје слично време со минимална температура до 17 и максимална до 26 степени.

Променливото време ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, и грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Веќе од понеделник се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Слични содржини