Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека тројцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба.
„Лилјана (42), Христијан (19) и Емри (27) се тројца пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег. Тие се во добра здравствена состојба, среќни и задоволни дека повеќе не одат на дијализа. Пациентите почнаа повторно нормално да функционираат. Многу сум горд на тимот од Клиниките на нефрологија и урологија кои го даваат својот максимум за третман на овие пациенти. Голема благодарност до д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и Проф. Гоце Спасовски за неуморната работа и грижата која секојдневно им ја даваат на нашите пациенти. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на секој пациент, затоа што нема ништо повредно од спасен човечки живот“, соопшти Филипче.