
Турција постигна голем напредок во развојот на вакцина против коронавирус и лекови за вирусот, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На церемонијата на Научниот и технолошкиот совет на Турција, Ердоган рече дека државата успеала во тоа со соработка на приватниот сектор и универзитетите.
„Турција стана трета земја во светот, по СAD и Кина, која започна да ја развива вакцината. Тоа се податоци на Светската здравствена организација“, рече Ердоган, објави „Дејли Сабах“.
Ердоган вели дека во моментот се развиваат осум различни видови вакцини и десет медицински проекти, дека е завршено тестирање на два вида вакцини врз животни и дека е одобрено тестирање врз луѓето за еден од нив.