Покрај Охрид, Преспа е второ место годинава кое масовно е посетено од страна на домашните туристи.
Бројот на на туристи за време на викендите е голем.Отешево, Царина, Стење и Коњско со својата местоположба, езерскиот брег, климатските услови и бројните туристички капацитети се пријатни места за одмор.
Цените за ноќевање во Преспа да ве чини од 600 до 1000 денари, додека пак цените за пијалоците и храната се навистина достапни за сите. Едно еспресо чини 40 денари,кока Кола 60 денари, пиво Скопско 80 денари, пица за 200 денари.
Преспанските плажи се одлично уредени и се огромни, а со тоа и може да се оддржи потребната дистанца поради коронавирусот.
Селото Стење е едно од најпосетуваните места оваа година.Се наоѓа на западниот брег на Преспанското Езеро во подножјето на планината Галичица и претставува вистинска туристичка атрација. Многумина го нарекуваат Македонско Сен Тропе.Со средена плажа, мирни води, прекрасни природни пејсажи наоколу, тоа привлекува се повеќе туристи.
Воедно и покрај големиот наплив на туристи овие денови во Ресен е забележано намалување на бројот на заболени од Ковид 19, до вчера регистрирани се 146 случаи од кои активни носители се 12 лица.