Германци планираат да тестираат вакцина за корона во Бразил

од Vladimir Zorba

Германската фармацевтска компанија „Curevac“ планира да ја тестира својата вакцина против коронавирус во Бразил.

Специјалист за заразни болести, член на истражувачкиот тим на „Curevac“, Сју Ен Клеменс, за агенцијата ДПА, како што објавија германските медиуми, изјави дека компанијата ќе започне со тестови во Бразил во септември или октомври.

Шефот на студијата, Питер Кремснер од Институтот за тропска медицина, рече дека првите, помали тестови во Германија досега поминале добро.

Тој рече дека тестирањето е извршено врз 180 лица.

Патем, Бразил стана „лабораторија за тестирање“ за целиот свет, откако други компании како „AstraZeneca“, „Sinovac“ и „Pfizer/BioNTech“ започнаа со тестирање во таа земја.

Покрај САД, Бразил во моментов е најголемото жариште на пандемијата на коронавирусот во светот.

Слични содржини