СЗО: Потребни се ригорозни процедури за одобрување на каква било вакцина

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Светската здравствена организација реагираше внимателно на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирус, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина.

„Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Предквалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ ригорозни процедури“, изјави пред новинарите портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, одговарајќи на прашање за вестите од Русија за „првата вакцина“ против коронавирусот.

Портпаролот рече дека претквалификацијата вклучува преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината, собрани во клиничките испитувања. Јасаревиќ додаде дека постапката е иста за „секој кандидат“.

СЗО, покрај претквалификациите за вакцини, воведе иста постапка за лекови. Производителите мора да побараат од СЗО потврда за претквалификација, што е еден вид гаранција за квалитет.

Русија досега не објави детали за резултатите од тестот за вакцинирање за да ја потврди нејзината ефикасност.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина во светот против Kовид-19 е регистрирана во Русија, објави ТВ Русија-24. Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко изјави дека регистрираната вакцина е една од првите вакцини во светот и оти е потврдена нејзината ефикасност и безбедност.

Министерството за одбрана на Русија на 20 јули објави дека завршило клиничкото испитување на вакцината, која ја разви заедно со Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.

Слични содржини