Поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, се огласи на социјалните мрежи со коментар за реакциите што ги предизвикува Димитар Апасиев од Левица на социјалните мрежи.
„Не судете го пратеникот од Левица. Начинот на кој тој пишува и зборува, кажува за него.Но, тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нас…Апасиев е молотовиот коктел што скоро 40 илјади сограѓани го фрлија врз македонскиот Парламент, за да не опаметат!Повеќето од нив се млади луѓе, поборници за праведна држава, а ние со нашето (не)постапување по многу битни општествени прашања, им ги обезбедивме “шишето, бензинот и крпчето!Нивна беше само искрата која го разгори поривот за фер општество!Првиот момент кога ќе обезбедиме правда, во што сум убеден, кога криминалците (особено од претходната власт) ќе одговараат, а корупцијата ќе биде сведена на нула, ќе исчезни и потребата од овој тип политичари!“, посочи Кирацовски.