Акциајта „Молчењето не е решение“ има за цел да го подигне нивото на свеста за семејното насилство во време на кризи, епидемии и пандемии.
„Најчести жртви на овој тип насилство се жените и децата. Многумина притиснати од кризата, секојдневната пресија и проблеми својот бес и лутината ги истураат на своите најблиски односно на членовите на семејството. Иако Македонија има систем и институции кои успешно се справуваат со овој тип на проблеми жртвите на семејно насилство најчесто одбираат да молчат односно молчат додека не стане предоцна.
Идејатана оваа акција е од една страна да се охрабрат жртвите да проговорат и да побараат помош но од друга страна главна цел на акцијата е повеќе да се охрабрат сведоците на ваквите состојби да реагираат наместо да игнорираат и да ја забиваат главата во песок под превезот дека тоа не е нивна работа.
Според сите светски истражувања најдобрата метода за сузбивање на семејното насилство е таната детекција и навременото реагирање. Токму затоа а кцијата е поставена во градскиот парк каде што секојднево проаѓаат бројни функционални семејства во кои нема семејно насилство но секако биле и се сведоци на овој тип насилство а никогаш не реагирале на никаков начин“, во појаснувањето за акцијата.