Ниту еден ден не поминува, а Јелена Карлеуша да не објави некоја провокативна фотографија на Инстаграм. Овој пат, таа се одлучила за серија фотографии во зелено бикини. Во еден момент во ова издание, таа го чистела базенот од нејзината куќа.
Популарната ЈК го покажала своето секси тело по којзнае кој пат, а она што ги фрли фановите во транс била нејзината нова жешка поза.
https://www.instagram.com/p/CDwghJ0hlLJ/?utm_source=ig_embed
Фановите ја преплавиле со коментари, а најинтересниот гласел:
„Буквално, ако снимаш видео-спот во тој стајлинг и во тој двор, би ги засенила сите“, напишал еден обожавател.
https://www.instagram.com/p/CDwDSrQBpTv/?utm_source=ig_embed
Некои ја запрашале што мисли нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кого е во брак од 2008 година, за нејзините секси слики. Еден следбеник на Инстаграм одговорил дека Душко не ја следи на Инстаграм.