Денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата во Собранието и дека кога ќе имаат дополнителни информации за седницата ќе информираат.
Талат Џафери синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка.
– Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, пишува Џафери на ФБ.
Честитки за внукот доби од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска напладне треба да го добие мандатот за составување Влада од шефот на државата Стево Пендаровски.
По оваа инфорамциај следеше лавина реакции на социјалните мрежи:
Дали по веста дека Џафери добил внук денешниот ден е прогласен за неработен?#Вукојебина pic.twitter.com/MuD2aud75U
— Dimko (@ddimkooooo) August 13, 2020
На избори одевме во ек на Корона ама сепак мора да се признае дека мекиците се навистина сериозна причина за одлагање на седницата на собрание.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) August 13, 2020
Замислевте да му се родеше внуче на Талат на 15ти Јули.
Избори немаше да има.— Dimko (@ddimkooooo) August 13, 2020
Добив внук и бев на работа, дали сум неподобен стрико?
— Монте Кристо (@TempliSignum) August 13, 2020
Да прашам, Парламентот е приватна установа на ДУИ и Џафери??! Џафери доби внук, денеска нема продолжение на конститутивната седница: https://t.co/aF7BvY5ZcQ
— Blau Wagen (@Blau_Wagen) August 13, 2020
Во колку часот се закажани мекиците пред собрание? 😂
— Царевата Ќерка (@Carevata_Kerka) August 13, 2020
Се донесовме во ситуација кај шо Талат Џафери ќе кажува шо е уставно, а шо е неуставно. Јебига граѓани голтајте кнедли за ЕУ
— 🦄 🗺️🌈Игорче Развигорче 🚴♂️🐕🥦 (@Igor_rujo) August 12, 2020
Сакам да сум моќна ко внукот на Џафери…
— Небиднина ⚔️ СЕ ШАЛЕВ ⚔️ (@nebidnina1) August 13, 2020