Денеска не се реализираше тркалезната маса на која беа поканети претседателите на албанските политички партии од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети оттаму порача дека ДУИ ќе работи во интерес на државата, додавајќи дека се уште немаат договор со СДСМ.
-Сакам да слушнам аргументи, отворени сме да дебатираме за тоа зошто не може премиер да биде Албанец. Ако излезат со некој силен аргумент, тука сме да го разгледаме. Отворено е оваа прашање, но ќе кажам: колку сме блиску, толку сме и далеку од постигнување договор, изјави Ахмети
За Ахмети се уште е отворено прашањето за Албанец премиер, но сепак тоа е дел од црвените линии од кои не отстапуваат.
-Ние ги имаме поставено црвените линии тоа се: Нема враќање од Охридскиот Договор, од Преспанскиот Договор и од Добрососедскиот Договор. Една друга наша заложба е и законот за ветинг за сите, додаде Ахмети.