Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со претседателот на земјава, Стево Пендаровски изјави дека од денес партијата ги замрзнува односите со Кабинетот на претседателот и ќе ги преиспита политиките.

„Ситуацијата во државата оди во погрешен правец. Ова е игра на време, игра на купување на време“, додаде Мицкоски.
Според него, ако се исцрпени сите опции, а не се, тогаш може да се размислува и за нови избори и тврди дека е доста граѓаните да бидат жртви на погрешните политики.
На новинарско прашање дали доколку Заев не оформи мнозинство во рок од 20 дена, Мицкоски би го побарал мандатот, лидерот на опозицијата одговори дека пред да обезбеди мнозинство никогаш не би прифатил мандат за формирање влада.