Петров: Војната во 2001 година беше симулирана борба на САД

од Nikola Popovski
228 прегледи

„Војната во 2001 година не беше војна меѓу Македонија и Албанија, туку беше симулирана борба на САД, за нивни глоблани интереси, за свои сфери на влијание на овие простори“, изјави претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

„Сведоци сме дека во последните 30 години, странските амбасади грубо се мешаа во внатрешните работи на Македонија. Џез Белји помагаше и во внатрешните работи на Турција, па заради тоа грубо мешање го протераа од таа земја. Отсекогаш сум ја застапувал тезата за решавање на внатрешните прашања и проблеми и директен дијалог меѓу заинтересираните страни без инволвирање на странски медијатори. Секогаш кога се инволвираат, нудат решенија кои овде не се имплементираат или создават тензии“, вели Петров.