143
Шпанската цивилна гарда заплени кривично стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапси 75 лица, под сомнение за учество во меѓународната мрежа за трговија со марихуана.
Мрежата функционирала од шпанската провинција Гранада, а акцијата беше спроведена во соработка со Полското биро за истраги, објави денес Европол.
Шпанските власти извршија претрес на 24 локации и пронајдоа 2.690 насади канабис со улична вредност од над три милиони евра.
Запленети се 36 објекти и 50 возила во вредност од над осум милиони евра, како и скоро 200.000 евра во готово.
Уште 370.000 евра беа блокирани на сметките на криминалците.
69 шпански и шест полски државјани беа уапсени под обвинение за трговија со дрога и перење пари.