160
Русија започна со производство на вакцината против вирусот „Ковид-19“, објави денеска агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство.
Русија соопшти дека вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеј“ е прва што се произведува во светот. Треба да биде на пазарот на крајот на месецот.
Некои научници рекоа дека стравуваат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста, пренесува Ројтерс.