Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш ги повика сите во Белорусија да ја решат кризата што се појави по претседателските избори преку дијалог, со цел да се зачува мирот во земјата.
„Генералниот секретар внимателно го следи развојот на ситуацијата во Белорусија. Тој потенцира дека е важно да им се овозможи на сите Белоруси да ги уживаат своите граѓански и политички права“, рече портпаролот на генералниот секретар Стивен Дижарик во изјавата.
Тоа, како што објасни, значи дека тие можат мирно да го искажат својот став во согласност со законот, пренесува ТАСС.
„Властите мора да покажат воздржаност кон демонстрантите. Наводите за тортура и лошо постапување со притворените мора да бидат детално истражени “, рече тој.
Пред шест дена во Белорусија се одржаа претседателски избори на кои победи актуелниот претседател Александар Лукашенко, што предизвика протести, апсења и судири меѓу полицијата и демонстрантите.