
Мијалгичен енцефаломиелитис е болест, исто така, наречена синдром на хроничен замор, невроимуна состојба со симптоми кои вклучуваат продолжен замор, болки во мускулите, главоболки, летаргија, недостаток на енергија, несоница и апатија.
Овие се само некои од симптомите на оваа болест што може да трае со децении.
Хроничниот замор често се јавува по некоја форма на вирусна инфекција, на пример, кај вирусот Епштајн-Бар, што е причина на заразна мононуклеоза.
Новиот коронавирус е само уште еден вирус кој потенцијално може да ја активира оваа состојба.
Водечките медицински експерти се загрижени дека хроничен замор ќе се појави често кај луѓе кои имале Ковид-19.
„Дури и откако ќе го прележат вирусот, се појавуваат пост-вирусни симптоми. Знам, затоа што многу луѓе ме контактираат и ме информираат за нивниот процес на закрепнување“, вели д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, во интервју за Medscape. и додаде: „Многу луѓе имаат пост-вирусен синдром, што е многу слично на мијалгичен енцефаломиелитис – синдром на хроничен замор“.
Многумина остануваат болни повеќе од шест месеци. Многумина кои го прележале Ковид -19 не се опоравуваат целосно, пишува Си-Ен-Ен.
Кај 35 проценти од луѓето дијагностицирани со Ковид-19, тие не се вратиле во нормала две до три недели откако биле позитивни за коронавирус, се вели во извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) од 24 јули.
Од 292 лица испитани од ЦДЦ врз основа на закрепнување по Ковид-19, 35 проценти пријавиле замор.