
Бројот на новозаразени со коронавирусот во Турција се зголеми за 1.256 во изминатите 24 часа, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коча на својот профил на Твитер денес.
Тоа е рекорден број новозаразени лица од јуни, објави Ројтерс.
Вкупниот број на заразени лица со Ковид-19 е 278.117.
Во Турција починаа 21 лице во изминатите 24 часа, така што вкупниот број на починати е 5.955.
Турција ги укина делумните рестриктивни мерки на 1-ви јуни и планира да ги отвори училиштата следниот месец.