205
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот се зголеми за 294.237, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Како што е наведено, бројот на загинати во светот од КОВИД-19 е зголемен за 9.985, пренесува агенцијата ТАСС.
Според СЗО, во светот се потврдени 21.026.758 случаи на заразени и 755.786 смртни случаи.
Статистиката на СЗО ги зема предвид само официјално потврдените податоци за случаи на инфекција и смртни случаи што ги даваат државите.