Обвинителството не отворило предмет за Ангеловска: Повлекување на свои пари не е кривично дело!

од Vladimir Zorba
218 прегледи

До сега не е отворен предмет за повлекувањето на парите од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска, изјавиле за ТВ 24 од Јавното обвинителство. Од таму појасниле дека обвинителството постапува само ако се утврдени елементи на кривично дело, а повлекување на пари не е тоа, затоа што парите се сопственикот.

Ангеловска ги негира сите информации објавени во медиумите дека знаела или можела да знае за пропаѓањето на „Еуростандард банка“ откако неколку месеци пред одземањето на дозволата за работа ги повлекла своите пари од банката.

Таа во денешното соопштение испратено до јавноста вели дека покрај другите лажни информации не е точен ниту износот на пари што го повлекла а кој медиумите пишуваа иако, Ангеловска не кажува колку точно пари повлекла.

„Целосно е неточна и информацијата дека моите пари сум ги префрлила во други банки или сум ги повлекла. Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд а со дел од парите одлучив да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија.Тендендиозни и неточни се и информациите дека станот не е пријавен во Антикорупциската комисија“, изјави Ангеловска.