Таравари: СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Арбен Таравари од коалциијата Алијанса/Алтернатива за ТВ21 изјави дека сите разговори кои траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар, бидејќи веќе постигнале договор.

Според него СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветиле дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатиле да влезат во влада без исполнување на ова ветување.

Потсетува дека ако ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12-те пратеници на коалицијата Алијанса/Алтернатива, но само доколку како што вели тој премиер има четиригодишен мандат, но не и за друг партиски пазар.