Барселона го отпушти Сетиен, новиот тренер веќе пред стадионот

од Vladimir Zorba
207 прегледи

По убедливиот пораз од Баерн, тренерот на Барселона, Кике Сетиен се раздели со шпанскиот гигант.

Еден од најболните порази во клупската историја на Барселона, како што се очекуваше, предизвика земјотреси во каталонскиот клуб, а епилогот е разделбата со претходниот тренер.

Информациите дека Сетиен не е повеќе стратег на Барселона, ги потврди и претседателот на клубот, Пеп Марија Бартомеу, а откако првиот човек на шпанскиот клуб изјави дека „Сетиен го нема“, започнаа аукциите во врска со новиот стратег.

Според тврдењата на шпанските медиуми, главен кандидат е холандскиот стратег Роналд Куман, а тие тврдења ги разгореа видеото од аеродромот во Барселона, а се очекува искусниот стручњак наскоро да седне на маса со раководството на Каталонците и да го преземе кормилото доколку најдат заеднички јазик.

За време на играчката кариера, Куман го носеше дресот на Барселона, а од 1998 до 2000 година, тој беше асистент во стручниот штаб на шпанскиот клуб. Во меѓувреме, тој има изградено богата тренерска кариера, а во моментов работи како тренер на Холандија.

Покрај Куман, како кандидати се споменуваа и Почетино и Чави.

Слични содржини