Претседателот на Мексико сака доброволно да ја прими руската вакцина

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор во понеделникот изјави дека ќе биде меѓу првите што доброволно ќе ја прими руската вакцина против коронавирус доколку таа се покаже како ефикасна, пишува Ројтерс.

Одлуката на Москва да ја одобри вакцината и да ги произведе првите серии на вакцината предизвика загриженост кај некои научници, со оглед дека само околу 10% од клиничките испитувања се успешни.

Некои научници стравуваат дека Русија го става престижот пред безбедноста.