Дали конечно ќе се урне дивоградбата кај Мавровка: Општина Чаир ќе објави трет, поскап тендер

од Nikola Popovski
280 прегледи

Општина Чаир со повеќе пари ќе бара фирма која ќе ја урне дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“.

Откако на двата тендера за уривање на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“ во строгиот центар на Скопје не се јави ниту една фирма, Општина Чаир ќе ги стимулира фирмите преку зголемување на вредноста на договорот. На првите два тендера се уривање на дивоградби во Општината беа предвидени еден милион денари.

Новиот трет тендер ќе биде објавен во текот на оваа недела, а колку пари ќе се предвидат со кои треба да се поттикнат фирмите да конкурираат уште не е одлучено.

Според официјалните податоци достапни на веб страната на Катастар парцелата има сопственик и имотен лист, но неговото име се уште не е познато.

МВР пред две недели достави извештај од прелиминарната истрага на скопскјата полиција но од Обвинителството веднаш им побараа дополнителна информација. Во петокот министерството соопшти дека  тие постапиле по барањето на обвинителството и ги побарале инфромациите од другите надлежни институции и штом ќе им бидат дадени ќе ги достават во Обвинителството. Дотогаш јавноста ќе чека.

Дивоградбата пред „Мавровка“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“, кое изгоре во пожар на 1 мај годинава.