Кон: Податоците за 100 новозаразени во Србија не се целосно реални

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Вчерашните податоци дека уште 100 лица се заразени со коронавирус во Србија се важни и охрабрувачки, но се чини дека не се целосно реални затоа што помал број граѓани доаѓаат во брзата помош во недела, рече епидемиологот Предраг Кон.


Кон, кој е член на Кризниот штаб, за ТВ Прва изјави дека се очекува бројот на новозаразените да биде меѓу 100 и 200.

„Вирусот е сè уште присутен и секогаш бара начин како да се пренесе на друга личност затоа што тоа е неговиот начин на преживување“, истакна Кон и повторно ја истакна важноста да се носат маски и да се задржи физичка дистанца, затоа што тоа дава резултати.

Кон истакна дека активноста на вирусот се зголемува во Европа и дека тоа може да се случи и во Србија.