Алијанса за Албанците и Алтернатива размислуваат за бојкот на работата на Собранието

од Nikola Popovski
272 прегледи

Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи на својот профил на Фејсбук, им предложил пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива да ја бојкотираат работата на Собранието.

„Ако во наредните денови работите не се променат во корист на Албанците, јас ќе им предложам на раководствата и претседателите на коалицијата „Сега е време“ да ја бојкотираат работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа да им стават до знаење на сите внатре и надвор од земјата дека не може да се поигрува албанското политичко достоинство“, напишал Реџепи.

https://www.facebook.com/zejd.rexhepi/posts/10220334986422849

Идејата на Реџепи ја поддржуваат и од Алијанса за Албанците од каде велат дека ќе ја разгледуваат и одлучуваат во текот на следните денови.

„Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја“, изјавил Таравари.

Оваа негова изјава доаѓа непосредно пред состанокот меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде се очекува да биде објавен договорот за коалиција.