Стоп за „вакцинацискиот национализам“, апелира СЗО

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Земјите кои ги ставаат своите интереси пред другите во обид да складираат евентуална вакцина против коронавирус, само ја прават пандемијата посилна, предупреди во вторникот директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедорс Аданом Гебрејесус.

„Да се ​​дејствува стратешки и глобално, всушност е национален интерес на секоја земја – никој не е безбеден додека сите не се безбедни“, рече тој на еден виртуелен брифинг, повикувајќи на укинување на „вакцинацискиот национализам“.

Тој рече дека испратил писмо до сите членови на СЗО во кое ги замоли да се приклучат на заедничкиот мултилатерален напор на „COVAX“ за производство на вакцината.

Повеќе од 21,9 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а 772.647 починале, според статистиката на Ројтерс.

Слични содржини