Шаховската игра на Путин со ЕУ околу Белорусија

од Vladimir Zorba
469 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, разговараше денес со претседателот на Русија, Владимир Путин, за состојбата во Белорусија.

„Само што разговарав со претседателот Путин за ситуацијата во Белорусија. Само мирен и инклузивен дијалог може да ја реши кризата во Белорусија“, напиша Мишел на својот профил на Твитер, а тие разговараа и за начинот на кој може да интервенира Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Разговорот меѓу Мишел и Путин се одржа еден ден пред вонредната средба во ЕУ, на која блокот ќе изрази солидарност со демонстрантите во Белорусија кои од 9 август ги окупираат улиците, незадоволни од изборните резултати во кои долгогодишниот лидер Александар Лукашенко прогласи убедлива победа.

Мишел не ги откри деталите за разговорите со рускиот претседател, но друг официјален претставник на ЕУ откри дека двајцата разговарале 30 минути и дека расправаат за начините за поддршка на внатрешниот дијалог во Белорусија за мирен крај на кризата.

Претходно денес, Путин разговараше по телефон со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, на кои им посочил дека мешањето во внатрешните работи на Белорусија е неприфатливо.

Слични содржини