
Тројца руски војници се повредени во експлозија во Сирија, а еден генерал-мајор е убиен, соопшти руското Министерство за одбрана.
Инцидентот се случил кога конвој на руската армија се враќал по хуманитарната акција во близина на Деир ел Зор откако била активирана експлозивна направа.
Забележано е дека генералот бил евакуиран веднаш и му била укажана лекарска помош, но лекарите не биле во можност да го спасат.
Министерството за одбрана вети дека ќе ја обезбеди целата неопходна помош на семејството на убиениот генерал.